Специјалното обвинителство се претвора во продолжена рака на Заев и СДСМ

Иако се исполнети сите предуслови за предавање на прислушуваните материјали, иако МВР е во рацете на СДСМ,  Зоран Заев одбива, а специјалната обвинителка ја користи ситуацијата да одолжи смислувајќи услови кои не се издржани по ниту еден основ. Па така тие услови пред да ги каже Јанева, ги кажа Шилегов кој освен тоа што е портпарол на СДСМ станува портпарол и на специјалната обвинителка, пишува „Курир“.

Професорката Татјана Каракамишева Јовановска вели дека како зачестуваат резултатите од анкетите на истражувањето на јавното мислење, така СДСМ веќе се поизвесно се насочува кон единствената стратегија која што им остана на располагање-одложување на изборите на што е можно подолг период и ставање на Јанева и нејзиниот тим во улога на спасител на СДСМ, и спасител, месија на народот од „режимот на Груевски“.

Се поизвесно е дека СДСМ нема друга опција. Наместо нудење конкретни проекти за подобар живот, што не можат да се најдат во она што во неделата го презентираа како партиска програма, СДСМ и поддржувачите се упатија на адресата на специјалното обвинителство, како единствена сламка за спас на фотелјите на Заев и на Шеќеринска. Отвореното давање безрезервна поддршка на работата на специјалната обвинителка е симптоматична уште на самиот почеток. Рушењето на сите рокови во кои СДСМ беа законски обврзани да ги достават незаконски стекнатите прислушувани материјали, а специјалната обвинителка исто така, законски обврзана да ги побара материјалите на правен начин, дополнително го внесува овој орган во шемата на СДСМ. Како е можно специјалната обвинителка повеќе од два месеца од денот на нејзиното формирање да не испрати официјален допис до СДСМ со кој ќе ги побара овие материјали ако се знае дека таа е формирана за да ги истражи токму тие материјали? Како е можно специјалната обвинителка да си ги проширува своите надлежности надвор од оние што и се утврдени во законот, и самата да преоценува кои предмети ќе ги земе на натамошно постапување? Како е можно работата на специјалната обвинителка да се поврзува со вид граѓанска желботека, па секој против кого е поведена кривична постапка да може преку медиумите да испорачува свои желби до г-ѓа Катица, а таа или нејзините служби да не реагираат на тоа? Како е можно дописот со кој таа го информира Верушевски дека предметот „Пуч“ го презема за натамошно постапување, да стигнал пред неколку дена до Верушевски, а до јавноста цела недела подоцна? Како е можно специјалната обвинителка да не реагира на јавно упатените провокации на СДСМ во кои се даваат партиски напатствија и поуки кои предмети треба да ги заврши Јанева до нова година, а кои потоа? Како им дозволува професионалноста, и нели пред се, партиската независност на Јанева и нејзиниот тим, на кои се обврзани согласно Уставот и сите европски акти за јавното обвинителство, да не ги демантираат или барем со една реченица да се оградат од изјавите на партиските послушници, кои очигледно имаат намера да го стават целиот орган во дневно-партиска употреба? Како можат да останат без реакција на целиот план и програма што им ги имаат подготвено партиските послушници на СДСМ за постапување, па дури и соодветни акти им спремиле, во случај да не се збуни Јанева? Молчењето е знак на одобрување. Немањето соодветна реакција на сево ова што ни се случува од органот што е најзасегнат да ја истера правдата на површина отвора длабок граѓански сомнеж во работата на специјалното јавно обвинителство. Премногу простор остави Јанева за “животот” и надежите срочени во сценариото на СДСМ. А можеше и требаше сосема поинаку. Согласно Уставот и законите во Република Македонија, вели Каракамишева – Јовановска, за „Курир“.

Заев доколку  го испочитуваше јавно дадениот збор и својот потпис на Пржинскиот договор, но и својата законска обврска, ќе требаше да предаде 600 илјади разговори колку што кажа дека има последниот пат. Оваа бројка растеше, па прво Заев викаше дека е 10.000, 20.000 за на крај да каже 600.000 разговори.

Следно што Заев многу веројатно е да посака од Јанева е ослободување од притвор на Зоран Верушевски кој е првообвинет во аферата Пуч, што повторно би било скандалозно и би било целосно покорување на специјалното обвинителство на СДСМ, заклучува порталот.