Канада до крајот на 2016 година ќе прими двојно поголем број бегалци од Сирија, до 50.000 лица, изјавил канадскиот министер за имиграција и државјанство, Џон Мекалум.
Новата канадска Либерална влада работи на исполнување на ветувањата за прием на 25.000 сириски бегалци до крајот на февруари.
Мекалум изјавил дека Канада ќе прифати помеѓу 35.000 и 50.000 сириски бегалци до крајот на 2016 година.