Десет намирници кои го продолжуваат животот

Грав

Гравот е најмногу поврзан со долговечноста. Американскиот институт за истражување на карциномот препорачува со секој оброк да јадеме мешункасти плодови, вели Грегер и додава дека постојано во фрижидерот има лименка црн грав и дека со секое јадење козумира и мал дел од гравот.

Зрнесто овошје

Зрнестите плодови се многу здрави и можат да го спречат развојот на ракот, да го зачуваат вашиот црн дроб и мозок, а воедно и да го зајакнат вашиот имунитет, вели Грегер. Тие исто така се богат извор на антиоксиданси.

Црвена зелка

Содржи универзален спој , кој пред се има антиканцерогено дејство. Иако во истата категорија се и брокулата и кељот, црвената зелка е најдобра, бидејќи како што вели Грегер содржи повеќе антиоксиданси од било која друга намирница.

Зелен лиснат зеленчук

Имаат најдобар однос на хранливите состојки и калориите. Ако изедете екстра порција зелен лиснат зеленчук секој ден, можете за 20 отсто да го намалите ризикот од срцев и мозочен удар.

Печурки

Тие ја имаат единствената хранлива вредност каква што не може да се најде во ниту едно друго место во билниот свет.

Лен

Ленот содржи повеќе споеви кои го спречуваат развојот на карцином, од било што друго на планетава. Ако не јадете лен, многу губите. Важно е семките да бидат добро сомелени пред конзумација, бидејќи имаат тврда обвивка, која инаку не можете да ја сварите, тврди Грегер.

Јаткасти плодови

Луѓето ширум светот не јадат доволно јаткасти плодови. Поради тоа умираат повеќе луѓе отколку поради предозирање со хероин, крек, кокаин и сите други нелегални наркотици. Оревите, кои се богати со антиоксиданси и Омега 3 масни киселини, кои можат да го победат ракот се особено здрави. Можете двојно да ја намалите шансата за мозочен удар, само ако ги додате јаткастите плодови во исхраната. Тоа е сјајно, вели Грегер.

Куркума

Кога куркумита би била дрога, од неа некои луѓе би заработувале милијарди, смета Грегер, бидејќи овој зачин содржи пигмент, наречен куркумин, кој игра огромна улога во превенцијата од карцином и заболувањата на белите дробови и срцето. Исто така, може да го забрза процесот на заздравување по операција и да го излекува ревматидниот артритис. Само треба да изедете ¼ лажичка дневно, пишува „Њујорк пост“.

Житарки

Луѓето кои конзумираат цели житарки живеат подолго. Тие го намалуваат ризикот од развој на срцеви заболувања, дијабетес тип 2, гојазноста и мозочниот удар. Уживајте во кафеавиот ориз и решете се од белиот леб.

Чај

Обидете се да пиете зелен или друг вид чај за да се заштитите од неколку сериозни болести, вклучувајќи го и ракот. Со помош на чајот можете да го намалите крвниот притисок, маснотиите и телесните масти.