
Јагода Шахпаска е лекар кој ги поздрави големите вложувања во македонското здравство и ја искажа важноста од новата опрема која се инсталира низ болниците ширум Македонија од страна на македонската Влада.
Но, Јагода Шахпаска е и пратеник на СДСМ. Во оваа функција таа има единствена наредба- да плука по македонската Влада во сите сектори, па дури и во оној чии реформи се наменети за нејзината професија.
На почетокот на минатата година, беше инсталирана нова опрема во Здравствениот дом во Пехчево, каде Шахпаска работи по струка. Таа во изјава за медиумите тогаш говореше во функција на доктор и ја пофали ваквата мерка.
-Овој апарат не става во предност во однос на соседните здравствени домови од соседните општини, затоа што таков апарат не постои во тие установи. Со ова, многу е олеснета работата на нас како доктори, а од друга страна е овозможен полесен и побрз пристап на пациентите кои имаат насушна потреба од ваква дијагностика, истакна таа во февруари 2014-та.
Кога Шахпаска денес пред Собранието се обрати во функција на пратеник на СДСМ, ја покажа својата дволичност на дело. Таа бесрамно го нападна целиот здравствен систем и побара оставка од министерот за здравство Никола Тодоров.
Шахпаска денес заборави дека пред се’ е лекар кој јасно гледа какви се реформи се спроведени во македонското здравство, но кога таа говори во име на СДСМ, замижува пред фактите и ги показува своите зборови.