Украина постигнала договор за „ новогодишно примирје “ со проруските сили.
Советничка на преговарачот на претседателот Петро Порошенко во преговорите изјави дека во Минск е постигнат нов договор што ќе стапи во сила ноќеска на полноќ.
– Имаме договор за целосен и безусловен прекин на огнот од полноќ меѓу 22 и 23 декември, напиша Дарка Олифер на својот Фејсбук профил.
Таа изјави дека оваа иницијатива била неопходна за цивилите од истокот на земјата да можат во мир да ги минат божиќните и новогодишни празници.
Проруските преговарачи засега не ја потврдија оваа вест, прецизираат француските медиуми. Двете страни и во септември постигнаа договор за примирје со кое значително беше намелена артилериската стрелба долж 30 километри широката тампон зона што територијата со која управуваат проруските сили ја оделува од остатокот на Украина.
Меѓутоа, новиот раст на насилството од минатата недела го загрози ова примирје.
Обединетите нации проценуваат дека од почетокот на судирот во Украина, во март 2014 година, погинаа повеќе од 9.000 лица, главно цивили.