Тој ги повикал најискусните играчи и заминале на состанок со менаџерот Луј ван Гал, изразувајќи го своето незадоволство од неговата работа.
На дневен ред биле многу работи, но најмногу неговиот строг режим на работа, поради кој фудбалерите заработуваат повреди. Токму поради повредите тимот на Манчестер Јунајтед е десеткуван и не може да прикаже подобри игри во Премиер – лигата.
Руни и соиграчите побарале темпото на работа да биде намалено, затоа што сега следи пеколниот период во Премиер – лигата, во текот на Божиќните и Новогодишните празници.
Манчестер Јунајтед има девет бода негатива во однос на лидерот Лестер, а нема победа на последните шест натпревари во англиското фудбалско првенство.
Медиумите во Англија веќе наголемо пишуваат дека на Луј ван Гал му се подготвува отказ, а се најавува дека Жозе Мурињо би можел да ја добие менаџерската позиција, по неговото заминување од Челзи.