1,5 милион патници годинава се превезени на македонските аеродроми

1,5 милион патници годинава се превезени на македонските аеродроми
Рекорден број патници на македонските аеродроми. Заклучно со 15 декември се превезени 1 милион и 480.000 патници што е зголемување за 20% во споредба со истиот период лани. До крајот на годинава ќе се надмине бројката од 1,5 милион патници.

Како што за ТВ „Алфа“ вели министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, зголемувањето, сè должи на воведувањето нови евтини авионски летови на нискобуџетната „Визер“, како и на зголемувањето на фреквенциите на постоечките линии. Сега од Скопје се лета до повеќе од 30 градови.
 Македонија бележи најголем раст на авиосообраќајот во регионот. Близу 1,5 милиони патници, односно 1 милион и 480.000 имало на македонските аеродроми годинава што е пораст од над 20% во однос на лани. Ова беше успешна година со зголемен број на летови и нови дестинации, вели за Алфа министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, и додава дека ваквиот тренд, но со засилено темпо ќе продолжи и догодина.
Пораст има на бројот на патници има на двата аеродроми, и тоа неколку пати над европскиот просек.
Само оваа година се воведоа 7 нови линии, кон Осло, Фридрихшафен, Барселона, Нинберк, Хамбурк, Базел и Лондон. А од следната година се воведуваат уште четири нови авионски линии и тоа кон Прага, Братислава, Копенхаген и Берлин.