![migrena](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/12/migrena.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Мигрената е хронична, васкуларна главоболка која се јавува периодично, најчесто на едната страна од главата. Таа спаѓа во групата невролошки заболувања, карактеристични за десет отсто од популацијата и три пати почесто се јавува кај жените отколку кај мажите.
Болките во главата најчесто се проследени со повраќање, мачнина, пореметување на звукот и видот и останати симптоми кои се поврзани со реакцијата на автономниот нервен систем.
Што треба да аправите ако добиете напад на мигрена?
Затемнете ја собата и потполно опуштете се во тишина. Користете ладни облоги кои ќе ги ставите на чело и кои ќе ви ја ублажат болката. Исто така можете да заврзете крпа или марама околу главата која во моментот ќе ја отстрани болката.