
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник Божик на скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов и на сите верници со католичка вероисповед во Република Македонија.
Празнувањето на големиот христијански празник Божик значи славење на љубовта, победата над предрасудите и разликите. Ова е празник на семејството, денот кога се молиме за добро здравје, среќа и радост. Чествувајќи го Божик, учиме да бидеме солидарни, да споделуваме со оние кои што имаат помалку и да им помагаме на немоќните и обесхрабрените. Овој голем празник е знак дека Бог е со нас и претставува симбол на христовото раѓање, стои во честитката.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите христијански верници кои што го прославуваат раѓањето на Исус Христос според Грегоријанскиот календар им посакуваат убави празнични мигови поминати со своите најблиски, исполнети со здравје, радост и бериќет.