Видиќ не игра во Интер и најверојатно ќе го раскине договорот со оваа екипа, а таа ситуација сака да ја искористат “росонерите”, пишуваат италијанските медиуми.
Според нивните информации поранешниот српски селектор во Видиќ гледа ментор за младиот и талентиран дефанзивец Алесио Ромањоли. Исто така тој би му помогнал на Михајловиќ со својот авторитет, поточно да се задржи контролата во соблекувалната.
Инаку Немања има 34 години, а во својата кариера има играно уште за Црвена Звезда, Спартак Суботица, Спартак Москва и Манчестер Јунајтед.