Брајант постигна 14 поени во првите 12 минути од средбата, но неговите соиграчи постигнаа само девет, воедно играјќи слаба одбрана, па Мемфис веќе по првата четвртина имаше предност од 32:23, што дополнително ја зголеми до крајот на мечот. Потоа во “сивилото” се вклучи и самиот Коби, кој до крајот на мечот постигна само уште пет поени, но сепак беше најдобар стрелец на Лејкерси, пред Лери Ненс Јуниор и неговите 17 поени и 11 асистенции.
Кај Мемфис најефикасни беа Конли со 19 и Грин со 17 поени.
Оклахома Тандерс предводена од Расел Вестбрук славеше во дуелот со Денвер Нагетс со 122:112.
Вестбрук постигна 30 поени и му недостигаше само еден скок за трипл-дабл (12 асистенции, 9 скокови), а одлична помош доби од Кевин Дурант, кој го заврши натпреварот со 26 поени и 10 асистенции.
Бостон ја забележа и четвртата победа во низа, триумфирајќи на домашен терен над Њујорк Никс со 100:91, додека Портланд ја доби пресметката со Сакраменто со 98:94.
НБА Резултати:
Бостон – Њујорк 100:91
Мемфис – ЛА Лејкерс 112:96
Оклахома сити – Денвер 122:112
Сакраменто – Портланд 94:98