Андерсен нов соиграч на Лазаров во Барса

Левиот бек кој е еден од најдобрите ракометари на Колдинг оваа сезона во Лигата на шампионите постигна вкупно 52 гола и ги освои скаутите на каталонскиот клуб, тврди “Хендбол планет”.

Во досегашниот дел од сезоната Андерсен најмногу се истакна против Вардар, кога на првиот меч одигран во Данска кој Колдинг го доби со 33:31 постигна вкупно десет гола.

Колдинг оваа сезона во ЛШ има само една победа и многу веројатно авантурата за клубот во елитата е завршена.