Коалицијата, предводена од САД уби изминатиот месец во воздушните напади десет лидери на Исламска држава во Сирија, од кои некои биле поврзани со ноемвриските терористички напади во Париз, објави МИА.
Еден од лидерите на ИД поврзан со организаторот на терористичките напади во Париз убиен е во Сирија, додека планирал нови напади, соопшти денеска Пентагон.
Американскиот воен портпарол во Багдад, полковник Стив Ворен изјави дека Шараф ал Мухамед е убиен на 24 декември.
– Тој беше член на ИД во Сирија директно поврзан со Абделамид Абауд, лидер на нападите во Париз – изјави Ворен, додавајќи дека Муадан активно планирал нови напади против Западот.
Ворен изјави дека во воздушните напади на коалицијата, предводена од САД минатиот месец се убиени десет лидери на ИД, вклучувајќи и поединци поврзани со нападите во Париз.
Меѓу нив е и Абдул Кадер Хаким, кој според Ворен ги помагал операциите на ИД во странство и бил поврзан со нападите во Париз. Тој е убиен во Мосул на 26 декември.