Полицијата во Њујорк ја контактирала бостонската полиција за анонимен повик кој стигнал од Босна и Херцеговина, со е упатна закана, пренесува „Fox.25“.
Претставници на власта за „Fox25“ изјавиле дека пораката била нејасна и дека повикот бил од БиХ.
Тие наглсиле дека анализите од повикот покажале дека тој што се јавил зборувал нејасно и дека е можно да кажаал дека се работи за закана во Босна а не во Бостон.
Повикот стигнал на бројот за итни случаи, а во истрагата е вклучен и ФБИ.
Бостонската полиција соопштила дека во следниот период нивните припадници ќе бидат внимателни при патролирањето на улиците и дека ќе упатат свое засилување на места во градот каде се собираат поголем број луѓе.