Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски за „Алфа“ најави дека е завршен и тендерот за целосно реновирање на блокот А во студентскиот дом „Гоце Делчев “.
Студентскиот дом Гоце Делчев продолжуваме да го реконструираме со динамиката со која што го најавивме. Блокот Б е комплетно реновиран во целост. За блокот А сме во завршна фаза, сега сме во постапка на избор, односно евалуација на фирма која што ќе ги превземе активностите за реновирање на вториот блок, блокот А и веднаш потоа во наредните неколку недели се очекува да пристигне проект за реновирањето на блоковите В и Г и мензата и за истите да се распише јавен повик за фирма изведувач, која што ќе ги реновира овие два блока, вели Ристовски за „Алфа“.
На местото на некогашниот „Медицинар“ на почетокот од новата 2016-та ќе почне да се гради новиот објект, на површина од 1200 метри квадратни.