Инвестиции во автопатската инфраструктура како никогаш досега

речиси 800 милиони евра. Кога ќе бидат готови – за околу три години, Македонија ќе го има завршено целиот коридор 10 како автопат.

Премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање истакна дека милионски проекти од патната и железничката инфраструктура се инвестираат во македонската економија.

Груевски истакнува дека согласно планот во тек е изградба на трите автопата во Македонија. Речиси е готова, посочува,  и реконструкцијата на автопатот Велес-Катланово, а во 2016-та ќе се реконструира автопатскиот дел Смоквица-Гевгелија и Куманово-Скопје. Во 2015-та започнавме со реконструкција на 13 регионални и магистрални патишта во должина од 170 километри.