Утринава е снежно и во државите во регионот. Покрај снегот, во делови има и силен ветар, на приморјето врне дожд, а сообраќајот се одвива успорено.
Во Хрватска снег паѓа од вчера, а се очекува да паѓа и денеска.
На северен и среден Јадран дува силна олујна бура.
Со снег се затрупани другите хрватски градови, а дебела снежна покривка има во Карловац и во Осјек.
Транвајскиот и автобускиот сообраќај во Загреб е отежнат.
Со снег е прекриена и Бањалика, каде што од утринава паднало повеќе од 30 сантиметри снег.
И во поголем дел од Република Српска утринава паѓа снег, а во Херцеговина дожд.
Во Сараево, исто така, од утрово паѓа снег, комуналните екипи се на терен и ги чистат сообраќајниците.
Снег се повеќе паѓа и во Белград, а температурата е минус пет, додека ветерот кој дува создава чувство на многу ладно.
Белградските улици се пусти, а белиот покривач ги покри улиците, кои ги чистат градските служби.
Во Словенија денеска се очекува да престане да паѓа снег.
Во Црна Гора денеска е претежно облачно, повремено врне дожд а во северните делови паѓа снег.