„Курир“: Унапредувањето на сопругот на Ременски е срамно и крајно непотистички

Унапредувањето на сопруг на колешка министерка неосновано за четири нивоа е срамно и крајно непотистички. Според законските прописи, вака може да се оцени потегот на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој го награди сопругот на Фросина Ременски со унапредување од четири позиции во МВР.

Без никаков интерен оглас Спасовски спротивно на Законот за внатрешни работи  го унапреди сопругот на технички назначената министерка Фросина Ременски за цели четири позиции. Јовче Ременски од самостоен инспектор во полициската станица Гази Баба со 720 бода е распореден на позиција генерален советник –  инспектор во Кабинет на УБК со 1050 бода, што е незаконски скок од четири нивоа, односно рушење на целиот систем за кариера во МВР. При тоа Ременски ниту врши исти, ниту сродни работи како што предвидува Законот, пишува „Курир“.

Членот 107 од Законот за внатрешни работи говори дека работното место на кое се распоредува работникот мора да биде идентично по ниво во класификацијата.

– Работното место на кое се распоредува е идентично по вид во рамки на исто ниво согласно Класификацијата на работните места, стои во членот 107 од условите за распоредување на работник, по што се поставува прашањето како сопргуот на Ременски е унапреден четири нивоа погоре?

clen-120

Во членот 120 од истиот закон кој ги опфаќа критериумите за унапредување, стои дека унапредувањето се врши во транспарентна постапка, а не на ваков скандалозен начин.

-Унапредувањето се врши во транспарентна постапка, со објавување на интерен оглас, врз основа на професионалните квалитети и квалификации на работникот, неговите работни способности, завршените обуки во текот на работниот однос и начинот на извршување на работните обврски, независно од полот, расата, бојата на кожата, политичкото и верското уверување и националната припадност, пропишано е со членот 120.

clen-107

Експертите и професионалците во МВР сметаат дека ваквото унапредување е класичен непотизам со кој незаконско се урива системот на кариера што се гради во МВР. Техничкиот министер прескокнал четири скалила рушејќи го системот на кариера, па на сопругот на неговата сопартијка Спасовски скоро двојно му ја зголемил основната плата. Од 27 илјади сега ќе зема 40 илјади. Уште еден скандалозен пример за класичен непотизам.

Од извори во Управата за безбедност и контраразузнавање дознаваме дека ниту имало потреба назначување на сопругот на Ременски во кабинетот на директорот на УБК, ниту има некакви задачи кои треба да ги извршува, а за кои е компетентен.

Експертската јавност коментира дека ова е уште еден чекор со кој Спасовски го враќа назад МВР и се обидува срамно да го политизира. Вработени во министерството со долг стаж се фрапирани од унапредувањата кои ги прави Спасовски. Коментираат дека ова е директно поткопување на безбедносниот систем спротивно на сите професионални стандарди. Гневни се зошто наместо професионалци кои целиот живот и кариера ги минале во минситерството и покажале инзворедни резултати, унапредува партиски кадри.

Но тука, не завршува скандалозниот однос на Спасовски. Генералниот секретар на СДСМ  го наполни кабинетот со партиски кадри на СДСМ кои претходно немале никакво искуство во полицијата. Последен во низата истакнати партиски кадри кои ги вдоми Оливер Спасовски е Горан Трајановски. Овој член на СДСМ кој претходно беше Претседател на партиската комисија за информатичко општество сега е назначен за Државен советник за телекомуникации и информатика.

На Горан Трајановски му претходеше Магдалена Несторовска која е советник на СДСМ во општина Карпош. Спасовски неа ја назначи за државен советник за човечки ресурси.