Спасовски. Тој избега од одговор на прашањата дали се познава со осомничените.
-Имам контакт со многу граѓани на Република Македонија, и од оваа позиција и од позицијата што претходно ја имав и тоа воопшто не е важно, рече Спасовски.
Во акцијата беа откриени фалсификуваните лични карти што ги објави опозициското гласило „Фокус“, машините на кои се печателе фалсификуваните пасоши, дата база со податоци на 120.000 граѓани, како и 70.000 незаконски прислушувани разговори кои Зафир Бекири- Чауш и групата имале намера да ги препродаваат.
Освен началникот на Одделот за организиран криминал и други високи полициски професионалци ќе бидат новиот таргет на Оливер Спасовски.
Извори на „Курир“ велат дека на удар ќе бидат и Началникот на Единицата за прв одговор и интервенција – АЛФА во СВР Скопје, помошниците на Директорот во Одделот за униформирана полиција, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за гранични работи и миграции, Началникот на Централните полициски сили (ЦПС), Началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.
Според пишувањата на порталот, Оливер Спасовски ја изменил и листата на плати, бидејќи до сега немаше предвидено заменички места, исто без согласност од Чавков. Решенијата се времени, односно на 6 месеци. Познавачите коментираат дека со ваквиот чекор само се прави хаос во МВР, бидејќи нема никаква логика да се менува началникот на Одделот за организиран криминал после таква успешна акција.