Ременски повторно се истакна со нови „бисери“

Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, ќе остане најмногу запаметена во својот ресор по гафовите кои ги има направено во изјави за  јавноста кои само покажуваат дека Ременски не се ни обидува да навлезе сериозно во ресорот.  Елементарно непознавање со дозирана ароганција ги бележат јавните настапи на оваа техничка министерка.

Порталот „Курир“ издвои неколку „бисери“ на Ременски кажани во нејзиното последно интервју за Цивил-центар за слобода, е насловено како „Придонес кон политичкиот дијалог”.

Frosina-Remenski-11-600x264

Бисер 1

 „Многу пати досега и од стручната јавност, и од позиција на опозиција и од позиција на академска јавност, се спори процесот на намалување на невработените во Република Македонија, ако се имаат предвид бројните фактори кои влијаат на фактичкото намалување на бројот, односно, на заведените невработени во Агенцијата за вработување. Особено, ако ги земеме сите измени и дополнувања на законските обврски со кои на регистрираните невработени им се наметнуваат обврски за пријавување секој месец, пријавување редовно во ден, час, за да можат да ги искористат правата за невработени и ако ги имаме предвид статистичките податоци кои покажуваат голем број иселени лица кои никогаш не стигнале да се пријават во Агенцијата за вработување. Тука мислам на лицата кои завршуваат средно образование и можеби, поради икс причини не се регистрираат. Зборуваме за иселените од Македонија, кои заради времето на отсуство, по автоматизам им престанува евидентирањето во агенцијата. Па, се поставува прашањето: дали овој процент од 25,5, кој се вели дека е историски најмалата стапка на невработеност во Македонија, е последица на реален процес”.

Вистината е дека техничката министерка еднаш беше прозвана за непознавање на надлежности на Агенцијата за вработување и процесот на пресметување на стапка на невработеност, таа упорно продолжува на јавноста продолжува со игра на зборови да ги омаловажи реалните фактори за намалување на невработеноста.

Оваа споредба, која ја прави Ременски нема никаква логика затоа што  од 2006 година до третиот квартал 2015 година бројот на лица кои бараат работа без разлика дали се вработени или не согласно со Државниот завод за статистика е зголемен за приближно 63.000 со што се гледа  тезата за намалување на невработеноста на активното население. Главната причина за намалувањето на невработеноста се постигнатите над 150.000 работни места кои се креирани преку успешните мерки за вработување.

Државниот завод за вработување прави Анкета на работа сила во која на квартлана основа го мери активното и пасивното население, кај активно и земјоделци и парт тајм и неформални вработени и според методологија на ЕУРОСТАТ пресметува % на невработеност,
Последен пат во декември Фахрад Мерхан најдобар експерт од Меѓународната организација за труд  потврди дека Анкетата на работна сила на Државниот завод за статистика е согласно меѓународните стандарди. Но за Фросина Ременски тоа  е неважно.Важно е исполнување на партиските агенди.

Бисер 2.

„Имаме и голема дилема во делот на бројките, особено ако се има предвид дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за 2014 година, избројал 536.191 вработен, додека Државниот завод за статистика избројал 696.000 вработени! Значи, станува збор за бројка од 160.000 (не)вработени што се јавува како разлика, со бројот на Заводот за статистика, кој го утврдил врз основа на анкета, а не врз основа на реални показатели. Додека пак, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, оваа бројка ја има регистрирано врз основа на плаќање на придонеси на работодавачите. Останува нејасно, каде се губи таа бројка од 160.000 вработени во период од една година?! Односно, дали за тие 160.000 лица разлика, се плаќаат придонеси во Фондот или не се плаќаат? Освен тоа, слушаме многу реклами како „Македонија вработува”, во кои голем удел има програмата на УНДП, и финансиската помош од странски организации за вработување на младата популација. Или, онаа бројка со која се излегува од Агенцијата за вработување, за тоа колку фирми ја искористиле таа поволност и колку лица се вработени.

Вистината е дека техничката министерка не можела полоша споредба да направи споредба на број на вработени меѓу Државен завод за статисика и Фондот за пензиско-инвалидско осигурување. Разликата е