Ременски повторно се истакна со нови „бисери“

поради постоење на хонорарци, земјоделците со паушал и други лица кои работат без договори и земаат плата во готово како на пример во угостителството, градежништвото итн.

Токму нејзината партија беше жесток противник на Законските измени кои предвидуваа плаќање придонеси за хонорарните работници и со кои ќе се поведеше елиминирање на сивата економија, односно ќе се овозможеше хонорарците да добијат социјална сигурност и пензија и еднаков третман со вработените на неодредено време.

Владата со проектот Македонија вработува им дозволи без трошоци да ја формализираат својата работа.

Бисер 3

„Тоа го отвора и прашањето за „дупката“ во Фондот за пензиско и Фондот за здравствено осигурување, што од година Не в година се зголемува и се доведуваме во состојба – 50% од средствата за исплата на пензии да бидат дотација од Буџет на Република Македонија! Станува збор за огромна сума, поголема од 360 милиони евра, кои се префрлаат за да може да се сервисираат потребите за исплата на пензии”

Вистината дека техничката министерка е тотална конфузија кога станува збор за пензискиот систем. Не станува збор за  “дупка” туку трансфери до ПИОМ заради дeфицит од исплата на поповолни права, помалa наплата на придонес но и поради транзиционите трошоци по основ на придонесот за втор столб. Секогаш имало дефицит во ПИОМ и тој се надополнува од буџетот што е законски дефинирана обврска со Законот за ПИО од 1993 година. Истото се однесува и за транзиционите трошоци и тие се префрлаат од буџет со законски основ содржан во закон од 2000 година. Не постои државен пензиски фонд во Европа и светот кој што не е зависен од државата, впрочем состојбата со пензискиот фонд за разлика од минатото е многу подобра. Пензиите се зголемуваат и расте соодносот број на вработени со број на пензионери.Голем број на држави ги зголемија границите со пензионирање и го  стопираа зголемувањето  на пензиите, некои и ги намалија а во Македонија континуирано се зголемуваат.

Инаку постои редовна исплата на пензии на почеток од месецот почнувајки од 2008 година.

Бисер 4

„Ги повикуваме сите корисници на социјална помош, да пријавуваат секаква закана или нелагодна позиција, во која ќе се најдат поради службено лице, за некоја друга услуга, а не за тоа што е потребно за остварување на правата”

Вистината е дека Ременски ја постави претседателката на партиската Комисија за труд и социјална политика како невработено лице во министерството да има увид во податоците на корисниците. На бурните реакции на корисниците за социјална помош, техничката министерка одговори така што ја постави за свој посебен советник во кабинетот.

Бисер 5

 „Утврдивме дека повеќе од 26.000 граѓани како членови на семејства, останале без социјална парична помош во однос на претходните укажувања”.

Според наши сознанија, обработените предмети ги доставува надлежниот сектор во министерството до министерот за труд и социјална политика и потоа министерот ги потпишува.

Зошто Фросина Ременски не поднесува дисциплинска постапка против службениците кои доцнат со решавањето на предметите? До сега бројката на нерешени предмети изнесува над 230 во мандатот на техничката министерка.

 Бисер 6

Ременски манипулира: “дека на голем број приматели на социјална парична помош им е ускратено правото за 2014, во делот на примената на новите измени и дополнувања на Правилникот со кои се утврдуваат приходите. Во тој контекст, забележавме ретроактивна примена на правилникот што е спротивно на членот 52, став 4, во Уставот на Република Македонија, каде е забранета ретроактивна примена на законите, освен ако се поповолни за граѓаните”

Вистината е дека уште во 2009 година во Законот за социјална заштита е пропишано дека на секое лице кое дало нецелосни или невистини податоци за семејната, материјалната состојба и состојбата со имотот и имотните права му престанува правото на користење на социјална парична помош. Оваа обврска за корисниците на социјална парична помош не е нова и се содржи во член 50 и член 53 во истиот закон, а со носењето на новиот Правилник само се допрецизира постапката за материјалната состојба на корисниците.