Полицијата во Приштина уапсила двајца косовски државјани, повратници од Сирија на аеродромот Адем Јашари. Уапсените пристигнале со летот Истанбул – Приштина.
Станува збор за В.Х.(23) и Ф.Б.(19) и двајцата од околината на Гњилане.
Тие, според полицијата се враќале од боиштата во Сирија. Таму заминале во јануари 2015. и активно учествувале во борбите како припадници на ИД.
Уапсени се веднаш по слетувањето на авионот.