Бројот патници на меѓународните аеродроми во Охрид и во Скопје во периодот јануари – ноември оваа година достигна 2,9 милиони, што е за 32,1% повеќе споредбено со истиот период од минатата година, соопшти компанијата „Aeroports de Paris“.
„Само во ноември, бројот на патници достигна 244.719, што е за 54,1% повеќе од ноември 2022 година“, се вели во денешното соопштение од компанијата.
За истиот период до и од двата аеродроми реализирани се 21.941 лет, што исто така е значително зголемување од 22,1% во споредба со првите 11 месеци од 2022 година.
Само минатиот месец на двата аеродроми се реализирани 2.006 полетувања и слетувања или 45,2% повеќе отколку во ноември минатата година.
„Aeroports de Paris“ поседува 46% од акциите во турски „ТАВ“, компанијата што управува со двата аеродроми во земјава.