Оттука, легитимно се поставува прашањето, каква улога имал сопартиецот на Зоран Заев, Чаушот во целиот процес на објавување на незаконски стекнатите прислушувани материјали.
Лидерот на СДСМ јавно призна дека Чауш е член на СДСМ и дека редовно го примал во својата канцеларија бидејќи како што изјави Заев, бил подготвен да соработува со секој кој може да придонесе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ, без разлика на неговото криминално минато. Фабриката за афери на СДСМ е еден од најголемите скандали во македонската историја, особено ако се има предвид дека во него е вмешан лидерот на опозициската СДСМ но и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој доаѓа исто така од оваа партија. Токму Спасовски и Заев биле првите луѓе со кои осомничените во Фабриката за афери контактирале кога полицијата тропнала на нивната врата, пишува порталот.
Во нивната „фабрика за афери“ сопартијците на Заев и Спасовски чувале 70.000 прислушувани разговори со кои се тргувало со криминални структури во земјата но и во регионот.
Покрај тоа, истрагата докажа дека тие штампале