Државата ќе ги кофинансира приватните специјализации

Државата ќе ги кофинансира приватните специјализации
Државата ќе ги кофинансира приватните специјализации
Владата го усвои Законот за здравствена заштита кој редвидува кофинансирање на приватна специјализација за здравствени работници кои не се вработени во јавна здравствена установа, програма за кофинансирање на специјализација по педијатрија, гинекологија и акушерство, воведување два нови вида специјализации.Подобрување на статусот на младите специјализанти и млади лекари, и избраниот лекар или ново вработениот лекар да може да укажува здравствена заштита без учество на медицинска сестра во тимот додека да достигне број од 700 матични пациенти, по што е должен да го комплетира тимот.

Мерките денеска на јавната расправа на тема „Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита“, која се одржа во рамки на седницата на собраниската Комисија за здравство, ги образложи претставникот на Министерството за здравство, Taтјана Васиќ Бозаџиева. Посочи дека со најновите измени на Законот за здравствена заштита се предлага крупна реформа на здравствениот систем во делот на специјализациите и положбата на младите лекари.

Во врска со мерката кофинансирање на приватна специјализација за здравствени работници кои не се вработени во ЈЗУ, појасни дека тоа ќе значи дека дел од надоместокот за овие специјализации ќе го покрива државата.

– Владата ќе носи програма за кофинансирање на специјализации и супспецијализации со која ќе се определува бројот и видот на кофинансираните приватни специјализации за секоја ЈЗУ посебно. Здравствените работници кои не се вработени во ЈЗУ ќе можат да се пријават на јавен оглас за запишување на кофинансирана приватна специјализација односно супспецијализација за која дел од надоместокот ќе го покријат самите, а дел државата, рече Васиќ Бозаџиева.

Нагласи дека со Програмата за кофинансирање на специјализација, по педијатрија и гинекологија и акушерство е предвидено докторите на медицина кои навреме ќе ја завршат специјализацијата, имаат гарантирано склучување договор со ФЗОМ за избран лекар педијатар, односно гинеколог со гарантиран месечен надоместок и за нив капитацијата ќе се пресметува стимулативно во вредност од 1.000 поени на месечно ниво, што претставува околу 1,8 милиони декари за период од 36 месеци по човек односно во просек по 50.000 денари месечно.

Во врска со воведувањето два нови вида на специјализации и тоа по вонболничка ургентна медицина и вонболничка педијатрија Васиќ Бозаџиева рече дека тие се одликуваат со неколку заеднички карактеристики и тоа: нивното траење од 36 месеци е со цел за пократок период да се создаде специјалистички кадар, „право на проодност“ како право да ја продолжат специјализацијата со спроведување на сите турнуси предвидени со специјализацијата по ургентна медицина (која трае 60 месеци) и вонболничка педијатрија (која трае 60 месеци) односно педијатрија (која трае 72 месеци) и нивно финансирање пред посебни програми.

– Предвидовме законска обврска на здравствената установа во која се спроведува турнус да обезбеди една или повеќе простории за потребите на специјализантите и супспецијализантите во кои се обезбедени услови за одмор и сместување на нивните лични работи, истакна Васиќ Бозаџиева, образложувајќи ја мерката за подобрување на статусот на младите специјализанти и млади лекари.

Со измените на овој закон, потенцира таа, превидуваме можност за преземање на медицински сестри, медицински техничари и радиолошки технолози од приватно во јавно здравство. Укажувајќи на уште една новина нагласи дека предвидуваат докторите кои завршиле специјализација до денот на влегување во сила на Законот, да имаат право да се запишат на супспецијализација и да го полагаат супспецијалистичкиот испит согласно прописите според кои ја завршиле специјализацијата.

– На овој начин ќе овозможиме околу 350 специјалисти (од кои најголем дел вработени во ЈЗУ) веднаш да запишат супспецијализација и да го продолжат во континуитет своето професионално усовршување со што овомзожуваме континуирано надополнување на супспецијалистичкиот кадар, истакна Васиќ Бозаџиева.

Ја образложи и новината според која, за специјализациите што траат до пет години, сега специјализантот ќе треба да