Маж пронајден мртов во својот дом – се задушил од чад

Педесет годишниот Орце И. од кривопаланечкото село Дурачка Река вчера околу 11 часот бил пронајден мртов во својот дом.

Орце, како што денес информира полицијата, починал како последица на гушење од чад.

-Имено, од шпорет на дрва се запалиле дел од кујнските елементи и алишта. Увид на местото на настанот извршиле инспектори, а од страна на лекар констатирано е дека нема траги на насилство и дека причината за смртта е труење со јаглероден моноксид, соопштуваат од полицијата.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е оставено на семејството.