Михајлов: ДУП-от е донесен законски, а СДСМ не гласаше против, ниту имаше забелешки

Михајлов: ДУП-от е донесен законски, а СДСМ не гласаше против, ниту имаше забелешки
Михајлов: ДУП-от е донесен законски, а СДСМ не гласаше против, ниту имаше забелешки
СДСМ преку своите прес конференции прави обиди за манипулација и шири дезинформации во врска со ДУП-от кој беше усвоен на седница на општината, рече советникот на ГРОМ, Горан Михајлов.

-Плановите кои што се донесени на 5 јануари годинава и се однесуваат на Карпош 3 и на Тафталиџе 1, донесени се во постапка која е целосно законски регуларна и со ништо не отстапува со постапките кои во последните 15 години се носат во општината, рече Михајлов.

Кога станува збор за транспарентноста, 5-ти јануари беше работен ден, додава тој, а седницата на која се донесени двата плана е одржана во работен ден.

-Плановите се во постапка веќе подолго време, односно повеќе од една година и се поминати сите инстанци на носење на деталните урбанистички планови сите советници вклучувајќи ги и советниците од СДСМ знаеја дека се поминати постапките. Се чекаше само на согласноста од Министерството за транспорт и врски, која беше добиена на 5-ти јануари. Вкупно 27 институции и стручни служби ги разгледуваа тие планови и не најдоа забелешки, додава Михајлов.

За чудо вели тој, на седницата советниците на СДСМ не гласаа против, а ниту имаа забелешки.

-Единствено што им пречеше во  постапката и во носењето на овие планови беше тоа што најверојатно очекуваа тие да не се донесат, да почнат одморите, да не може да се собере кворум и потоа да настапи периодот на избори, вели Михајлов.

Разликата во транспарентноста е тоа што ние работиме во секој работен ден, за разлика од нив, заклучи Михајлов и порача дека општината Карпош и понатаму ќе работи и ќе функционира на најдобар можен начин како и до сега.