Реконструкцијата на болницата „Свети Еразмо“ е инвестиција на Владата односно Министерството за здравство вредна 215 милиони денари.
-Се работи за темелна реконструкција на објектот, а во еден дел и доградба, односно ставање во употреба на нови пет илјади метри квадратни, градба отпочната некаде во 80-те години на минатиот век, рече премиерот Груевски.
Тој појасни дека во новата целосно реконструирана болница ќе биде преместен и Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“.
– Станува збор за сериозен зафат, каде со доградбата ќе се смести и кардиолошкиот завод, што на овој начин ќе добие доволно голем простор за прошарување на дејноста во иднина и воведување нови методи, додека целосно ќе биде реконструиран и постојниот објект каде е сместена болницата „Свети Еразмо“, рече Груевски, најавувајќи дека согласно договорот со изведувачот предвидено е работата целосно да биде завршена за 18 месеци односно да биде ставен во употреба некаде кон средината на 2017 година.
Груевски официјално во употреба го предаде и новиот мамограф што ќе работи во рамки на Општата болница во Охрид.
– За набавка на мамографот се издвоени осум милиони денари. Охрид доби најсовремен дигитален мамограф, којшто во голем број од случаите ќе биде превенција за откривање на канцер на дојка, што ќе значи спасување многу животи, оттаму што лекарите уверуваат стопроцентна сигурност за спасување живот доколку постои рано дијагностицирање на болеста, истакна тој.
Двајца лекари веќе се обучени за ракување со новата опрема, други двајца се