Груевски во посета на Охрид (ФОТО)

на специјализација така што, според него, се реализираат дел од ветувањата дадени кон граѓаните кога станува збор за активностите насочени кон подобрување на здравствената заштита за граѓаните.

Премиерот Груевски во рамки на посетата на Охрид ја посети и црквата „Света Богородица Перивлепта“, чија реконструкција, односно реставрирање и конзервирање на фрескоживописот е во тек.

gruevski-ohrid8

– Црквата Света Богородица е една од најубавите цркви во Македонија, големо културно, историско, религиско наследство. Конзервацијата е во тек и очекуваме некаде до септември оваа година да заврши. Се работи за една од најквалитетните конзервации што се правата досега во Македонија, во било која црква. Најдени се таму и нови предмети при ископувања, дури и од вториот век пред нашата ера што имав можност денеска да ги видам, истакна тој, изразувајќи задоволство што тој зафат се одвива добро, што Министерството, како што рече, навремено прецизно и високостручно ја завршува оваа обврска што е дел од ветувањата дадени во програмата.

gruevski-ohrid5

Претходно денеска премиерот Груевски беше и во битолско, во селото Кравари каде беше отворена нова фабрика за производство на чипс, од страна на наш повратник од Австралија, инвестиција што ќе обезбеди нови 100 работни места.

gruevski-ohrid7