![mediumi1-640 Лажни сензационалистички вести дека Иванов го помилувал убиецот на Мартин Нешковски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/01/mediumi1-640-1.jpg?resize=640%2C459&ssl=1)
Ваквиот однос на една национална телевизија како „Телма“ е зачудувачки и делува крајно тенденциозно и несериозно, велат познавачите.
Доколку не е измислена информацијата од страна на политички кругови и доколку навистина постоеле такви статуси на фејсбук од страна на осуденици, телевизија која претендира да биде сериозна како што е „ТВ Телма“ не смее да постапи непрофесионално и да лиферува ваква информација во медиумите без да ја провери кај надлежните институции.
Примерот кој го постави „Телма“ пред еден ден денес го следеа уште грст портали блиски до СДСМ. Тие денес во етер пуштија уште една лага повикувајќи се на „извори од Фејсбук“ – дека претседателот Иванов го помилувал осудениот за убиството на Мартин Нешковски.
Дополнително од кабинетот на Иванов испратено до медиумите е и соопштението во кое најостро се демантираат ваквите информации.
-Ваквите тврдења ги оценуваме како паушални, непроверени и правно неиздржани. Претседателот на Република Македонија во извршување на оваа негова уставна ингеренција се води единствено според законите, односно одлуките за помилувањето ги носи исклучиво и согласно постапката и одредбите од Законот за помилување. Ги упатуваме медиумите добро да го прочитаат