
Собранието вчера го утврди составот на анкетна комисија за скандалот со фабриката за фалсификување лични карти и други документи. Формирањето на комисијата беше поддржано од владеачката коалиција, пратеничката група на ДПА и од независниот пратеник Солза Грчева.
За претседател на анкетната е предложен координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, за потпретседател Љупчо Димовски, за членови од оваа партија предложени се Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Андон Чибишев, Благица Ласковска и Драган Данев, од ДУИ Талат Џафери и Ејуп Рустеми, од ДПА Газменд Алиу и независната пратеничка Солза Грчева.
Пратениците денеска ќе ја разгледаат предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на анкетната комисија како и предлог-одлуката за разрешување член на Државната изборна комисија.