Заев: Чаушот е член на СДСМ

Во денешното гостување на Канал 5, Зоран Заев повторно призна дека првообвинетиот од криминалната група од „Фабриката за афери“, криминалецот Захир Бекири Чауш е член и активист на СДСМ и не негираше дека Чауш е негов соработник.

-Чаушот е член на СДСМ, јасно и гласно потврди Заев и додаде дека повеќе од две години тој повикувал било кој да доставел докази за како што рече, криминалите на власта.

Ова е веќе второ признание на Заев за поврзаноста со првоосомничениот во „Фабриката за афери“. Неодамна тој во интервју за Телма рече дека Бекири е член на СДСМ и тој е сликан во неговата канцеларија.

-Тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам, нема бегање од таа работа, рече Заев.