Исчезнуваат еден по еден: Непријател на Кремљ убиен во Истанбул

Исчезнуваат еден по еден: Непријател на Кремљ убиен во Истанбул
Исчезнуваат еден по еден: Непријател на Кремљ убиен во Истанбул

Чеченецот Абдулвакид Еделгирејев (32), еден од декларираните непријатели на Русија, е убиен сред бел ден во Истанбул. Убиството се случило во ноември 2015 година, но за тоа се дознало дури  сега.

Еделгирејев со години се криел во чеченските планини, и оттаму организирал терористички напади на руски државјани. Се борел на истокот д Украина, како и на боиштата во Сирија, каде што кратко време бил на страната на Исламската држава.

На 1 ноември 2015 година е изрешетан во својот автомобил на улиците во Истанбул, каде што се криел.

Тој ја имал една од главните улоги во групата на Чеченци кои со години изведуваат терористички напади во Русија, вклучувајќи ги и оние во московското метро и на аеродромот Домодедово.

Учеството на Еделгирејев на боиштата во Сирија ја откри поврзаноста помеѓу чеченските терористи и Исламската Држава, кои се обединети против Русија.

Меѓутоа, Еделгирејев е само еден во низата убиени непријатели на руската држава во последните неколку години

Британскиот „Гардијан“ наведува дека непријателите на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој Кремљ силно го поддржува, се ликвидирани во Москва, Виена, Дубаи…

Рамзан Кадиров има силна поддршка од Владимир Путин
Рамзан Кадиров има силна поддршка од Владимир Путин
Критичарите на рускиот претседател, Владимир Путин, ја обвинуваат Русија дека ги праќа своите платени убијци  кои ширум  светот ги ловат оние кои му пречат на Кремљ, но за тоа не се доставени соодветни докази, туку се’ се сведува на претпоставки.

Единствено што би можело да укажува дека Русија ги „чисти“ своите непријатели е законот кој Путин го донел во 2003 година. Според него , на руската тајна служба ФСБ ( некогашна КГБ) и е дозволено д спроведува операции во странство, доколку тие за цел имаат спречување на директни закани за Русија.

фсб

Во прилог на тоа е извештајот на турската полиција од 2009 година, кога во Истанбул се убиени тројца Чеченци кои отворено биле против Владимир Путин. Имено, турската полиција соопштила дека жртвите се ликвидирани сопиштол „гроза“, кој што го користат руските разузнавачи и ретко може да се најде на пазарот за оружје. Убиството, наводно го извршиле двајца припадници на ФСБ, кои од Турција избегале со лажни пасоши.

Пиштол „гроза“, што го користат руските разузнавачи и ретко може да се најде на пазарот за оружје.
Пиштол „гроза“, што го користат руските разузнавачи и ретко може да се најде на пазарот за оружје.
Во Истанбул живеат неколку илјади Чечнци, од кои повеќето не се сложуваат со политиката на Русија.
По инцидентот со соборување на рускиот „сухој“, во ноември минатата година, тензиите помеѓу Русија и Турција се кренати на максмум, па  „Гардијан“ истакнува дека е многу можно агентите на ФСБ стратешки да ги елеминираат сите кои би можеле да претставуваат поголема закана за Кремљ.