Издадени 1.842 потврди на мигранти, најбројни Сиријците

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало потврди на вкупно 1.842 странски државјани, од кои 820 се мажи, 408 се жени,  612 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.025,  Авганистан–577 и Ирак-240.

Од почетокот на 2016. година издадени се потврди на вкупно 22.518 странски државјани, од кои 9.505 се од машки пол, 4.802 се од женски, 8.129 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 82 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-9.912, Авганистан-8.246 и Ирак-4.357.