НБА: Кливленд и Сан Антонио продолжуваат со одличните игри

На Кливленд му требаат дополнителни пет минути за да го оствари осмиот триумф во низа и тоа на гостински терен кај Далас со 110:107.

Не треба да се кажува дека прво име на теренот повторно беше Леброн Џејмс, но сега му недостасуваа три асистенции за трипл-дабл бидејќи постигна 27 поени, 10 скока и 7 успешни додавања.

Далас сам си беше виновен за поразот бидејќи во регуларниот дел не го искористи последниот напад, односно Новицки ја загуби топката. Тоа делумно го расипа впечатокот бидејќи Германецот оствари дабл-дабл со 17 поени и 11 скока. Најефикасен кај Далас беше Чендлер Парсонс со 25 поени.

За разлика од Кливленд, Сан Антонио немаше проблеми и со 109:99 го совлада Детроит Пистонс за деветта победа во серија.

Клучни беа втората и третата четвртина кои Спарс ги добија со вкупен резултат 57:41, па во финишот се беше полесно.

По подолго време блесна Тони Паркер кој постигна 31 поен со солиден шут од поле 13/19. Во тимот на Детроит изненадување беше Колдвел-Поуп кој реализира 25 поени, вклучувајќи четири тројки.

НБА Резултати:

ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 95:91
Далас – Кливленд 107:110
Детроит – Сан Антонио 99:109
Њујорк – Бостон 120:114
Мемфис – Хјустон 91:107
Минесота – Оклахома 96:101
Милвоки – Чикаго 106:101
Индијана – Феникс 116:97