Пожар во подземна гаража во Скопје, две возила изгореа

На улицата Франклин Рузвелт, вчера во подземните гаражи од непознати причини избил  пожар кој зафатил две патнички возила „опел вектра“ и „форд фиеста“, кои се во сопственостна Ј.Ј., кој го пријавил случајот во полиција.

Пожарот е изгаснат од екипа на скопската противпожарна единица, а полицијата започнала истрага за утврдување на причината за пожарот.