
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, повика сите страни во Украина да се воздржат од насилство, а локалните власти да ги почитуваат слободата на говорот и собирање, пренесе „Би-Би-Си“.
„Ги повикувам сите страни кон воздржување од насилство и употреба на сила. Апелирам Украина целосно да ги почитува меѓународните обврски и да ги почитува слободата на говорот и собирање. Многу Украинци во Киев продолжуваат да изразуваат решителна поддршка за поблиски односи на земјата со Европската унија“, изјавил Расмусен.