
Дваесет и деветгодишен струмичанец ќе одговара за кривично дело тешка телесна повреда откако во октомври годинава ја натепал сопругата на неговиот брат.
Полицијата информира дека на 21-ви октомври по расправија М.С. ја нападнал својата дваесет и петгодишна снаа С.М. нанесувајќи и тешки телесни повреди. Од полиција не откриваат кои биле мотивите за расправијата и нападот врз жената.