
Во украинската престолнина Киев, и покрај забраните за собири, и синоќа бил одржан масовен проевропски протест. Во текот на демонстрациите избиле и неколку судири, па полицијата употребила солзавец и шок бомби, а повеќе од 100 лица се повредени, вклучувајќи полицајци и новинари.
Како што наведува „Би- Би- Си“, поради одлуката на властите да не го потпише договорот за приклучување кон ЕУ, според проценките, се собрале околу 100.000 и 350.000 лица, а судирите избиле во близина на претседателската палата, каде што полицијата употребила солзавец и шок бомби за да ги растера групи демонстранти кои фрлале со камења.
Демонстрантите упаднале во зградата на градскиот совет, истакнувајќи дека протестот на Плоштадот на независноста е во тек иако властите вовеле забрани за собирање.
Опозициските лидери, кои се приклучиле кон демонстрантите, порачале дека опозицијата не е поврзана со насилствата во близина на Претседателството, истакнувајќи дека нив ги предизвикале властите за да имаат оправдување за острите мерки против учесниците на протестите.