Украинските државни службеници не можат да стигнат до своите работни места

Вработените на украинскиот министерски совет не можат да стигнат до своите работни места поради блокадата на зградата, од страна на демонстранти во Киев, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Државните службеници добиле наредба да се вратат во своите домови.

Зградата на украинскиот министерски совет, како и целиот владин комплекс е блокиран од многубројните демонстранти, како и од кордонот автомобили и автобуси на полицијата.

Поддржувачите на евроинтеграцијата на Украина од денеска започнаа генерален штрајк и ја блокираа владината зграда во Киев, откако во неделата над 100 илјади лица учествуваа во протестите со апели до Владата за предвремени избори, пренесе „АФП“.