
Украинското обвинителство побарало од раководството на Киевскиот универзитет, листа на студентите кои можеби учествувале во проевропските антивладини протести, соопшти весникот „Украинска правда“.
Обвинителите инсистираат на информации за студентите и наставниците, кои што отсуствувале од наставата, во период од 29 ноември до втори декември и тоа што е можно поскоро. Во наредбата се бара да се обезбедат и имињата на „поттикнувачите и активистите, што ги повикале студентите да учествуваат во масовните протести“.
Обвинителството побарало и информација дали се преземени мерки со кои им се забранува на студентите да учествуваат во протестните манифестации и ако се преземени, какви се тие.