
Автомобил удри во велосипедист во близина на Градската болница „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје.
Според неофицијални информации, велосипедистот е повреден при несреќата која се случи околу 16 часот на булеварот 11-ти Октомври.
Од полицијата велат дека увидна екипа е на терен и подоцна ќе имаат повеќе деталји околу сообраќајната несреќа.