
Разбојникот, вооружен со пиштол, влегол во клубот и на вработените им дал црна кеса, во која требало да ги стават парите. Тој ги предупредил да не го активираат алармот и да побрзаат, бидејќи во спротивно ќе пука.
Со пленот од 200.000 денари арамијата го напуштил местото.
Полицијата презема мерки за откривање на идентитетот и расчистување на случајот.