
„Не планира да оди“, рекол портпаролот Тензин Такла.
Тој не дал објаснување зошто Далај Лама нема да присуствува на комеморацијата, која се одржува во вторник, или на погребот кој што е закажан за 15-ти декември.
На Далај Лама, кој живее во Индија, не му е одобрена виза за Јужна Африка во 2011-та година, кога бил повикан да одржи предавање во рамки на прославата на 80-от роденден на соборецот на Мандела, Дезмонд Туту.
Преторија прв пат го одби барањето за виза на Далај Лама во 2009-та година.
Тој од 1959 година живее во Индија, откако побегна од Кина по неуспешниот бунт против властите во неговата земјат.