
Министерството за надворешни работи на Јужна Африка соопшти дека се очекуваат: американскиот претседател Барак Обама, кубанскиот лидер Раул Кастро, претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, францускиот претседател Франсоа Оланд, британскиот премиер Дејвид Камерон, и многу други светски лидери.
Централната церемонија ќе се одржи на Градскиот стадион во Јоханесбург на 15 декември.
Таткото на модерната Јужна Африка, човекот кој беше и ќе остане симбол за борбата за човековите права и слободи почина на петти декември на 95 годишна возраст.
Неговата порака на помирување, а не одмазда, го инспирираше светот, откако тој преговараше за мирен крај на сегрегацијата и и’ прости на „белата влада“ која го смести зад решетки.