
Мнозинството граѓани на Црна Гора се против членството на земјата во НАТО, покажува истражувањето на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ), пренесе агенцијата „Танјуг“.
Според истражувањето 45 отсто од населението на Црна Гора е против членството во НАТО, 38 отсто го поддржуваат, а 17 отсто немаат свој став за ова прашање.
За 54,6 отсто од испитаниците интеграцијата на Црна Гора во НАТО е важно прашање, кое според ЦЕДЕМ, значело дека се зголемува интересот на граѓаните кон оваа тема.