
Носителите на вирусот хепатит Ц низ годините можеле да бидат инфицирани, а да не знаат за тоа. Овој „таен убиец“ нема клинички симптоми при зараза. Подоцна се манифестира како цироза на црниот дроб или карцином.
Стандардните шеми на лечење се со инјекции со препаратот интерферон и по ефикасност не надминува 50 до 70 отсто. Освен тоа се штетни, бидејќи манифестираат нус појави.
Предноста од овој нов препарат е директното антирусно дејство, бидејќи го блокира внатреќелиското размножување на вирусот. Важно е што лекот ќе се дава во таблети, наместо инјекции, бидејќи така им е полесно на пациентите.