
Прекинатиот натпревар од последното 6. коло во групата “Б”, дуелот помеѓу директните ривали за втората позиција на табелата, Галатасарај и Јувентус, заврши со минимална но злато вредна победа на домаќините од 1:0.
Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 85 минута беше дело на холандскиот интернационалец, Весли Снајдер.
Со новите три бода, шампионот на Турција, обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони, а калчо гигантот ќе биде дел од 1/16 финалната рунда во Лигата на Европа.