На неплаќачите од Пластичарска им ја исклучиле струјата, тие ја блокираа улицата

фото: Телеграф

Незадоволни граѓани кои живеат и имаат дуќани на булеварот Никола Карев познат како Пластичарска улица во Скопје вечерва ја блокираат сообраќајницата откако, како што неофицијално се дознава, им била исклучена струјата поради неплатени сметки.

Граѓаните ја блокирале улицата поставувајќи контејнери и разни други предмети. Протестот на незадоволните граѓаните го обезбедува и полицијата.