
Во пожар што ноќеска зафатил еден пазар за земјоделски производи во градот Шенжен на југот на Кина животот го изгубиле најмалку 15 лица, а петмина се повредени.
Пожарот на големиот пазар избил по полноќ и зафатил површина од 1.000 квадратни метри, пред пожарникарите да го стават под контрола.
Спасувачките служби и пожарникарите и понатаму трагаат по преживеани. Причината за пожарот се уште не е утврдена, пренесува АП.